Во доброволните пензиски фондови инкасирани 713.000 евра

Bez autora
Jul 07 2011

Вкупниот износ на средства во задолжителните пензиски фондови на 31 декември 2010 година достигнал 12,5 милијарди денари или над 200 милиони евра. Тоа е 2,94 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), а лани во овие фондови се пренесени околу три милијарди денари. Износот на средствата во доброволните пензиски фондови исто така во последниот ден од 2010 изнесувал околу 43 милиони денари или 713.000 евра. Овие бројки вчера ги презентираше Булент Дервиши, директор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) при презентацијата на петтиот Годишен извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување. Според него просечниот годишен принос на задолжителните пензиски фондови во периодот од 2008 до 2010 е 3,3 отсто, а на доброволните за последните 12 месеци изнесува 5,5 проценти.

Во доброволните пензиски фондови инкасирани 713.000 евраВкупниот износ на средства во задолжителните пензиски фондови на 31 декември 2010 година достигнал 12,5 милијарди денари или над 200 милиони евра.

Тоа е 2,94 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), а лани во овие фондови се пренесени околу три милијарди денари. Износот на средствата во доброволните пензиски фондови исто така во последниот ден од 2010 изнесувал околу 43 милиони денари или 713.000 евра.

Овие бројки вчера ги презентираше Булент Дервиши, директор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) при презентацијата на петтиот Годишен извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување. Според него просечниот годишен принос на задолжителните пензиски фондови во периодот од 2008 до 2010 е 3,3 отсто, а на доброволните за последните 12 месеци изнесува 5,5 проценти.

Тој објасни дека инвестициското портфолио во задолжителните и доброволните пензиски фондови вклучува домашни хартии од вредност, депозити и акции и инвестиции во странство.

- Учеството на домашните хартии од вредност и банкарските депозити во задолжителните пензиски фондови е намалено во однос на 2009 година, а учеството на странските инвестиции е зголемено. На крајот од 2010 година структурата беше 54% државни хартии од вредност, 32% банкарски депозити, 3% домашни акции и 11% инвестиции во странство - вели Дервиши и додава дека околу 35 отсто од средствата, се инвестирани во инструменти во домашна валута, најголем дел или 60 проценти, се во евра, додека многу мал дел отпаѓа на инвестиции во други валути како што се американски долари, швајцарски франци и фунти.

Според директорот на МАПАС бројот на членови во вториот столб - задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, до крајот на 2010 достигнал 267.000 членови што е зголемување во однос на 2009 за околу 13 отсто, а во третиот столб - доброволното капитално финансирано пензиско осигурување бил околу 7.000 членови.

Дервиши потсети дека реформите на пензискиот систем кои почнаа од 2000 година, во услови на стареење на населението и зголемување на невработеноста поради кризата, неопходно е нејзино продолжување. Според него досегашните резултати од работењето на вториот столб се поголеми од очекуваните.

Од МАПАС информираат дека лани имаше нешто помалку од 100 исплати од задолжителните пензиски фондови и тоа во најголем број случаи тоа се должеше на остварени семејни пензии од страна на членови на семејство на починат член на вториот столб и остварени инвалидски пензии од страна на членови на вториот столб, поради што нивните акумулирани средства беа пренесени во Фондот на ПИОМ, кој ја исплаќа семејната, односно инвалидската пензија. Лани имаше и исплати на средства како наследство од индивидуалните сметки на починати членови на вториот столб и една еднократна исплата на акумулирани средства на член на кој навршил 65 години возраст, а не остварил право на старосна пензија.

Агенцијата која секојдневно ја контролира работата на пензиските друштва и фондови, минатата година детектирала одредени грешки и неправилности, но не и незаконитости. Директорот Дервиши рече дека биле изречени две решенија и две укажувања за пензиските друштва во врска со маркетинг активности.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik